Во Центар за култура Трајко Прокпиев Куманово во среда на 31 мај гостува Куклено Драматичниот театар – Иван Радоев од град Плевен, Република Бугарија. Тие пред кумановската публика ќе ја одиграат својата театарска претстава – дуо драма ,,Еден маж и една жена“.
За време на гостувањето во Куманово, директорот, Сашо Тодоровски заедно со директорот на театарот од Плевен, Димитар Кабаков ќе потпишат меморандум за заедничка соработка помеѓу двете институции – Театар Куманово и Театар Плевен во кој приоритет ќе имаат заедничките соработки, проекти, гостувања и можност за размена на актери кои би гостувале во заеднички претстави. Предвидено е и возвратно гостување на Театар Куманово во Плевен кон крајот на оваа или почетокот на идната година.
,,Еден маж и една жена“е комедија за двајца луѓе кои ја бараат среќата и смислата на животот преку нивните заеднички задоволства. Два карактери кои постојано се во потрага по нови возбудливи нешта. Актери во претставата се: Мариета Калапова и Георги Ангелов.
Претставата почнува во 20:00 часот на 31 мај ( среда) во Центар зa културa Куманово, а влезот е слободен со подигнување на билет на билетара во Центар за култура Куманово.
Comments