top of page
Writer's pictureДело-Скопје

Известување до јавноста во врска со немилиот настан во Охрид !


Здружение ДЕЛО-Скопје со жалење ги следи последните настани и го осудува секој чин на насилство, а особено кога истото се работи заради етничка припадност. Согласно Уставот и согласно сите позитивни законски норми секој има право на себе идентификување согласно своите чувства на национална и етничка припадност, поради што тоа не смее да биде повод и причина за посегање по личниот и физичкиот интегритет и по животот на ниту еден граѓанин.Во таа насока ги повикуваме сите надлежни институции во Македонија да си ја завршат својата работа за што се платени и за што постојат и да го расветлат случајот во Охрид за нападот на Христијан Пендиков 21 годишното момче кој е со тешки телесни повреди и се наоѓа на лекување и да ги казнат сторителите. Дополнително ги повикуваме институциите да превземат мерки во поглед на детектирање и санкционирање на лица и организации кои преку медиумите и социјалните мрежи провоцираат и поттикнуваат ваков вид на насилство или го оправдуваат истото, бидејќи дел од вината е и нивна.

Здружението ДЕЛО-Скопје ги повикува сите граѓани на Република Македонија без разлика на етничката припадност, а во конкретниот случај со особен акцент кон Бугарите и кон Македонците!

Браќа не паѓајте и не учествувајте во провокации, нашата блискост никој не смее и нема да ја наруши, сме биле и ќе останеме браќа, сме делеле радост и мака, сме делеле општи работи и ќе делиме и во иднина, мора да постои разбирање, соработка и подадена рака меѓусебно на нас, како граѓани во оваа држава и на Македонија и Бугарија како најблиски соседи во секој поглед на живеењето. Македонија никогаш нема да заборави што Бугарија има сторено позитивно за Македонската државност, економија и пријателство и како Здружение се надеваме дека институциите во овој случај ќе бидат на страната на правдата!


Со почит

Здружение ДЕЛО-Скопје

Comments


bottom of page