Деца со Даунов синдром од Република Северна Македонија, заедно со нивните родители, пристигнаа во дводневна посета на Софија, како дел од кампањата на сопругата на поранешниот амбасадор на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов-Билјана Ангелова и Фондацијата Бугарска памет „Заедно за децата“, јавуваат од Фондацијата на д-р Милен Врабевски.
Групата од РС Македониja е дел од Дневен центар за лица со синдром на Даун “Доза среќа”, гр. Скопие, а целта на посетата беше да проучат добро практики во сферата на образованието на децата со специјални потребности во Бугарија.
За време на престојот групата посети две училишта со индивидуални програми за работа со вакви деца – Училиштето „Цар Симеон Велики“ во село Ивањане и ЧНУ „Милеа“.
Претставници на „Доза на среќа“ одржаа и исклучително плодна средба со Здружението „Даунов синдром – Бугарија“, на која присуствуваше и г-ѓа Мила Јовчева, директор на Дирекцијата за социјални услуги за деца и возрасни.
„Нашето неформално запознавање со д-р Милен Врабевски е пример за тоа дека не постојат случајни работи. Кажувајќи му за сите мои добротворни иницијативи во Република Северна Македонија, некако природно и заедно дојдовме до идеја да направиме нешто заедно. Така се роди идејата за „Заедно за децата“. „Заедно“, бидејќи нема ништо подобро за нашите земји од тоа да бидеме заедно, рамо до рамо. „Заедно“ затоа што само „Заедно можеме повеќе“, како што велев во последните речиси 6 години колку што живеев во Скопје“, вели Билјана Ангелова.
„За нас е голема радост кога гледаме дека нашите истомисленици се множат, па без двоумење прифативме да ја организираме и финансираме идејата на Билјана за оваа прекрасна иницијатива. Да се обезбеди престој на „Доза Среќа“ за да се „украдат“ добрите практики во областа на наставата на децата со специјални образовни потреби, целосно одговара на главните приоритети на Фондацијата Бугарска памет“. Повеќе од 17 години инвестираме во младите луѓе во Северна Македонија, им помагаме на обесправените луѓе таму, ги опремуваме училиштата и компјутерските лаборатории, одржуваме едукативни семинари, така што еден ваков настан е логично продолжување на нашите активности во оваа област“, коментираат од Фондацијата Бугарска памет.
Во реновираниот спортски центар на училиштето „Цар Симеон Велики“ се одржа и пријателски фудбалски натпревар со деца и младинци од Федерацијата за адаптирана физичка активност. Посетата на гостите од Скопје заврши со прошетка со водич во центарот на Софија.
Извор:https://tribuna.mk/
コメント