Во категоријата долгометражни документарни филмови, Оскар му беше доделен на филмот „Навални“, во чијашто креација учествуваше бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев.
„Многу му должиме на Христо Грозев, Христо, толку многу ризикуваше и направи толку многу за овој филм. Благодарам и на Алексеј Навални и неговото семејство“, изјави режисерот Даниел Рор.
Сопругата на Навални, Јулија, се заблагодари на Академијата и рече дека нејзиниот сопруг е во затвор поради неговата борба за демократија во Русија под режимот на Путин.
Comments