Градоначалникот на општина Ќустендил, инж. Огнјан Атанасов, се сретна со амбасадорката на Република Македонија во Бугарија, Агнеса Поповска Руси и со раководителот на Заедничкиот секретаријат во рамките на програмата INTERREG за прекугранична соработка Бугарија-Македонија Тони Јакимовски, јавува Инфомрежа.
На средбата беа поставени прашања поврзани со реализацијата на прекуграничните проекти како „Прекугранична атрактивност – интелигентен туризам во регионот Ќустендил – Крива Паланка – Невестино“ и „Урбано уредување за почист воздух“, како и важноста на Коридорот бр. VIII.
Беа отворени и темите за развој на туризмот и учеството на општина Ќустендил и претставници на локални бизниси на заеднички бизнис форуми.
На работната средба се разговараше и за можноста за збратимување на градот Ќустендил како туристички град со град со одморалиште во Република Македонија.
Извор:https://tribuna.mk/
Comentários