
Копијата на оргиналната скулптура на ,,Незнајниот македонски комита” повторно се наоѓа во Благоевград. Скулптурата е откупена од галеријата во Шумен од страна на општина Благоевград, јавува БГНЕС.
Споменикот на ,,Незнајниот македонски комита “ е изграден пред 92 години и е срушен во 1947 година од комунистите. Скулптурата, дело на уметникот Кирил Шиваров беше претставена денеска во Регионалниот историски музеј во Благоевград.
Споменикот е поставен на 2 август 1933 година во Горна Џумаја по повод 30 годишнината од Илинденско-Преображенско востание и е симбол на борбите за слобода во регионот.
Вајарот Кирил Шиваров е автор на спомениците на Евлоги и Христо Георгиеви пред софискиот универзитет и големиот Лав пред споменикот Шипка.
Извор:https://tribuna.mk/
ความคิดเห็น