Софија е на третото место на Европа по можностите што ги нуди за луксузен велнес туризам, веднаш по Барселона и Цирих, покажува студијата на компанијата „OVO Network“, која управува со онлајн портал за изнајмување недвижнини.
Рангирањето ја зема предвид допстапноста на ресторани со Мишелин ѕвезди, хотели со 5 ѕвезди и луксузни спа центри во однос на бројот на туристи кои ги посетуваат, како и нивото на „безбедност и луксуз“ во градовите дефинирани како најпопуларни туристички дестинации. По оваа основа, избрани се најелитните дестинации за одмор за 2023 година, пренесува БНР.
Податоците од истражувањето покажуваат дека бугарската престолнина се гордее со импресивни 83 спа центри со 4 и повеќе ѕвезди, што значи дека има 60 луксузни бањи на 1 милион туристи. Според авторите на студијата, ова е повеќе од двојно повеќе над просекот за вклучените градови.
Софија е и една од најпосакуваните дестинации за луксузен престој. Бугарската престолнина го зазема 10-тото место во рангирањето на интернет пребарувачот „Гугл“ за дестинација која се појавува при пребарување на информации поврзани со луксуз. Освен тоа, во Софија има 12 хотели во категоријата „5 ѕвезди“, се истакнува во истражувањето.
Извор:https://tribuna.mk/
Comments