top of page
Writer's pictureДело-Скопје

КРИВА ПАЛАНКА И БУГАРСКИОТ ГРАД ДУПНИЦА СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ "СРЕДНОВЕКОВИЕТО НА ДЛАНКА"


Наковална и чук, ковачки мев и дувало, архаичен тип на создавање железни предмети во духот на средниот век, средновековни костими, стрели, мечеви, штитови, борба на воини, можеа да се видат на средновековниот фестивал што се одржа во центарот на Крива Паланка, во организација на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка.


Кривопаланчани, бројни туристи од земјава, но и од соседството, имаа несекојдневна можност, за момент да се нурнат во стилот на средновековието претставено низ содржинскиот концепт на средновековно село.


Фестивалот е дел од проектот „Одржливо искористување на културното наследство на Дупница и Крива Паланка“, финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Р.С.Македонија на Европската унија, а го организираше со градскиот музеј и Здружението за историски поставки „Чигот“ од Бугарија.


На наковална се кове железото претходно вжештено на распламтениот јаглен,загреан на температура и до 1200 степени, пламен што постојано се разгорува со помош на стариот средновековен ковачки мев, раскажува Пенко Цанков, од бугарскиот град Варна.


Во моментот изработуваше врвови за стрели, а, како што рече, на истиот начин можат да се подготват сечива за ножеви, мечеви, секири и разно-разни орудија како во средниот век.


– Од минатата година се занимавам професионално само со овој занает, го нучив од чичко ми, тој беше ковач 50 години и на мали нозе ме учеше. Но јас завршив технички факултет, со сродни техники, а беа минале цели 43 години откако сум го учел занаетот, вели Цанков.


Тој ја отворил историската работилница за постановки и реконструкции „Технитари“ и истата како занаетчиско друштво функционира како работилница за кожа, метал, дрво и коска, со изработки од праисторијата до ренесанса, без огнено оружје.


– Изработувам секакви видови предмети за војување, оружја, орудија, предмети кои ги побаруваат музеи, клубви кои с езанимаваат со историски постановки и реконструкции, како и гости и посетители што доаѓаат да го видат занаетчиското производство. Има луѓе кои сакаат и претпочитаат рачни изработки од старите времиња, но со овој занает нема баш добра заработка, ама има нарачки. Треба да се има време и посветност, да се работи со љубов. Мене ме радува тоа што моите синови веќе ми помагаат и имаат интерес да го изучат занаетот, па, се надевам и ќе го продолжат, вели Цанков.


Теодор Бандармалиев од Варна, Бугарија беше задолжен за поставката со стрелаштво, срелање во мета од слама и импровизирана мета, со специфични стрели изработени од дрво и дрвени копја. Доаѓа од здружението „Чигот“,формирано 2005 година и веќе 17 години активно прават реконструкции на историски поставки до различни периоди во минатото.


– Имаме поголем број активности, претставувања и настани во текот на годината, кои за време на Ковид-19 пандемијата се намалија, но секоја година според календарот имаме околу десетина настани на кои или сме организатори или учесници, но првпат сме во РС Македонија. Се надевам дека, според реакцијата на граѓаните и посетителите, на паланчани им се допадна овој фестивал и нашето учество и ќе не поканат повторно. На мојот дел со стрелаштво имаше многу млади кои се обидоа да погодат во метата и да научат како се стрела, иако дел до стрелите овде, за да биде лесно за демонстрација, не се сите стрели од среднито век, ама имаме тука претставени и боеви стрели, како и стрели со перја-автентични на периодот кој е претставен, рече Бандармалиев.


Вели, често настапувале и надвор од границите на Бугарија, во Романија, Србија, Чешка, Полска,сега и во Северна Македонија.


– Повеќето случувања се повеќегодишни,традиционални, но во секој случај интересот за овој вид историски реконструкции е голем, додаде Теодор.


На една дрвена постановка, со клупа и шатор, традиционални како во средовековието, посетителите на фестивалот од средниот век можеа да си одберат пораки од боговите од тоа време на могубоштвото, кои имаа и симболи карактеристични за оваа доба, што можат да се понесат во домовите и да се чуваат како амајлија.


Истите ги интерпретира и толкува Ана Спасова од „Виа Преториа“, инаку инструктор за изработка на керамички производи и психо-терапевт.


„Виа Преториа“ е име карактеристично за еден легионерски Римски град, а здружението доаѓа од Бугарскиот град Свиштов каде ,пак, бил позициониран еден легионерски град Нове, се занимава со античка култура, но бидејќи се пријатели и соработници со останатите групи за псотановки, во Крива Паланка го претставија средниот век.


На понудата на фестивалот беа претставени изработки од знааетите:кожарство и керамика.


– Керамиката е со мотиви од неколку историски периоди:антика, нешта од елинситичкито период, средновековие-типично за Велико Трново фито-керамика, уникатни за реонот и периодот, 12-13-14 век, а има и авторски серии, но и по древни предмети останати од тракијските духови, кои имаат парченца керамика со специфичен звук исо цел-гонење на злите духови и болести, вели Димитар Спасов од „Виа Преториа“.


Има и кожни, рачни изработки, кои се барани ансекаде во светот, од САД, преку Италија, а продукцијата е уникатна и мала.


– Ова што е претставено е на кантар помеѓу искуство и занает, додава Спасов.


Да се претстави еден период што презентира културно историско наследство на еден историчар период, на забавен,креативен и интересен начин, беше вистински предизвик за раководството и тимот на ЛУ Градски музеј, особено поради фактот дека фестивалот веќе бил ставен на хартија од страна на проектниот тимови од Крива Паланка и Дупница.


– Беше предизвик и да се најдат луѓе, и да се одбере локација, а и да се вклопат активностите за да привлечат внимание и на граѓаните од општината и на посетителите. И колегите од од музеите во Виница, Лесковац, Србија и Ќустендил, Бугарија, дадоа голем придонес за опфат на помладата генерација, така што мислам дека комплетно ја оствариме целта на фестивалот, да биде забавен и атрактивен за широката популација, а истовремено и едукативен за најмладите, изјави Драган Величковски, директор на Градски музеј Крива Паланка.


Симулација на средновековно село, со средновековни битки, логори, работилница за изработка на средновековни шлемови, книговез, иконопис, грнчарство, костими од времето на средновековниот период, стрелаштво, беа дел од богатата програма што се реализираше во кејот на Крива Река, на летната културна сцена во Крива Паланка и на тврдината до општината, како и на централниот градски плоштад.


Главна цел на фестивалот е искористување на културното наслетство на регионот во функција на привлекување на туристи.


– Концепциски фестивалот беше претставен како еден вид средновековно село, мобилно село на еден панаѓурски начин, со занаети од средновековието, изработки и костими од стилот на облекување и начинот на живеење на средновековниот човек од тој архаичен балкански простор. Секако, застапени беа и начините на војување и борбите во средниот век, кои им оставија голем впечаток на граѓаните, рече Величковски.


Изведени и демонстрирани беа неколку начини на војување, а меѓу нив интересна беше и симулацијата на освојување воено утврдување.


– Локацијата во централното градско подрачје ја одбравме заедно со нашите пријатели од Бугарија, во стилот на средновековието кога обично тие воени логори биле утврдувани или покрај тврдини или покрај реки, од практични и од одбранбени причини и во целост. Ние сме задоволни од тоа каков ефект постигнавме, привлековме публика, оставен е одличен впечаток,а и колегите од останатите музеи изразија интерес за соработка и реализација на вакви и слични настани, додаде Величковски.


Според него, фестивалот може да прерасне и во традиција, со концепт што секоја година ќе носи нова, свежа, историска реконструкција.


Извор:https://tribuna.mk/


コメント


bottom of page