Често поставувани прашања
Што е www.dobrososedstvo.com.mk?
www.dobrososedstvo.mk е интернет платформа, креирана како дел од активностите предвидени во проектот “Правна заштита против говорот на омраза кон Република Бугарија и бугарскиот народ”.
Цел
Правна заштита од говорот на омраза против Република Бугарија и бугарскиот народ.
Како функционира www.dobrososedstvo.com.mk?
Овaa платформа функционира врз основа на пријава на граѓаните за случаи на говор од омраза. Можете да пријавите на неколку начини:
Преку интернет формуларот, преку кој може да испратите и фотографија или видео
Преку е-пошта: deloskopje@gmail.com
По пријавувањето на еден од наведените начини, пријавата се разгледува од страна на правниот тим на Здружение “Дело” Скопје. Доколку ги имате внесено вашите лични податоци правниот тим на Здружение “Дело” Скопје ќе ве контактира во текот на разгледување и проверка на пријавата. По потврдата вашата пријава ќе биде прикачена на страната (без прикажување на вашите лични податоци).
Препознај говор на омраза
Кои се најчести основи за говор на омраза во нашето општество?
Најчести основи на говор на омраза се : националната, верската, етничката, политичката припадност и сексуалната ориентација.
Кои зборови најчесто се употребуваат во случаи на говор на омраза?
Најчесто употребувани зборови / реченици кои се препознаваат како говор на омраза во нашето општество се: бугари – татари, за две червени, Татаро – монголи, смрт за татарите, каури, племе шиптарско, смрт за шиптари, копиле педерско, копиле македонско, циган, курви предавнички, северџани сите да умрете итн.
Важни забелешки
Дали е задолжително да ги наведам моите лични податоци во пријавата?
Да, потребни се вашите лични податоци.
Дали моето име ќе се појави на www.dobrososedstvo.com.mk?
НЕ. Потврдената пријава и деталите за настанот ќе се појават на платформата, но личните податоци и ставови за настанот, ќе останат анонимни за јавноста.
Како се појавуват и филтрираат пријавите на платформата www.dobrososedstvo.com.mk?
Известувањата за определен настан се појавуваат на порталот во рамки од 5 km од пријавената област, а се филтрираат според категории и според тоа дали се Потврдени/Непотврдени. Единствено одобрените пријави може да се појават во листата на случаи.
Поимник
Со овој поимник сакаме да Ви помогнеме да ги разберете поимите кои ги употребуваме на порталот и категориите на кривични дела и инциденти предизвикани од омраза, кое ќе придонесе за полесно поднесување на пријава. Доколку сметате дека поимите не се доволно појаснети и имате тешкотии во разбирање на одреден поим, Ве молиме да ни пишете и да ни ги посочите поимите за кои сметате дека треба дополнително објаснување.
Што е говор на омраза?
Секој начин на изразување кој промовира омраза кон едно или повеќе лица поради нивните лични карактеристики или припадноста кон одредена група или заедница.
Кој може да биде жртва на говорот на омраза?
Секој може да биде жртва на говорот на омраза, поради тоа што омразата може да се постои поради различни основи, односно поради расата, бојата на ... Прочитај повеќе
Како може да се манифестира говорот на омраза?
Освен преку директен говор, може да се изрази и преку испишување на навредливи симболи, графити, цртежи, преку палење на знамиња или верски симболи, преку делење на летоци со содржина која поттикнува омраза по било кој основ.
Каде може да сретнеме говор на омраза?
Говорот на омраза е присутен насекаде - на телевизија, радио, во пишаните медиуми, интернет порталите, интернет просторот, социјалните мрежи, во политичките говори и други јавни обраќања, во училиштата, на јавните собири - митинзи, протести, во ... Прочитај повеќе
Што претставува предизвикувањето на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост?
Предизвикувањето на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост претставува кривично дело според кое оној што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг начин ќе предизвика или ќе разгори национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост, ќе се казни согласно закон.
Што претставува загрозување на сигурноста по пат на информатички систем поради личните карактеристики или припадноста на одредено лице на одредена група или заедница?
Ваквиот начин на загрозување на сигурноста претставува кривично дело, според кое тој што по пат на информатички систем ќе се закани дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна против некое лице поради нивната припадност на одреден пол, раса.
Што претставува ширењето идеи за супериорност на една раса над друга или пропагирање на расна омраза или поттикнувањето на расна дискриминација?
Дискриминацијата во својата суштина подразбира нееднаков третман кон човекот/луѓето поради определена негова/нивна карактеристика. Дискриминацијата претставува кривично дело и е забранета со Кривичниот законик, кој, покрај останатите одредби, предвидува дека оној што шири идеи за супериорност на една раса над друга или пропагира расна омраза или поттикнува на расна дискриминација, ќе се казни согласно закон.
Што претставува ширењето на расистички или ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем?
Претставува кривично дело според кое оној што во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Што претставува одобрувањето или оправдувањето на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства?
Претставува кривично дело, според кое тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, ги минимизира, ги одобрува и оправдува геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства со намера да поттикне омраза,диксриминција или насилство против некое лице или група лица.
Што претставува излагањето на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците?
Излагањето на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците претставува кривично дело, според кое оној што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Република Македонија, ќе се казни согласно закон.
Механизми на заштита
Министерство за внатрешни работи
www.mvr.gov.mk
Кривичното дело говор на омраза, може да го пријавите во Министерството за внатрешни работи. Говор на омраза на социјалните мрежи, можете да пријавите до одделението за електронски криминал при Министерството за внатрешни работи. Говор на омраза на спортски натпревари, можете да пријавите на полициските службеници присутни на натпреварот или пак во Министерството за внатрешни работи и да барате преземање на мерки согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари.
Јавно обвинителство
www.jorm.gov.mk
За кривичното дело говор на омраза, можете да поднесете кривична пријава до основното јавно обвинителство, кое треба да го истражи случајот и да одлучи дали ќе поведе кривична постапка против посочениот сторител.
Комисија за заштита од дискриминација
www.kszd.mk
За случаите на дискриминаторски, вознемирувачки или понижувачки говор, кој има за цел или резултат повреда на достоинството на одредено лице или создавање заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, до Комисијата за заштита од дискриминација може да поднесете претставка за заштита од дискриминација/вознемирување. Претставката се поднесува во рок од 3 месеци од денот кога била сторена повредата или најдоцна една година од дознавањето за актот на дискриминација.
Информациите за контакт, адреса и форма за поднесување на претставката од Комисијата за заштита од дискриминација може да ги добиете преку следниов линк: Комисија за заштита од дискриминација
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
www.avmu.mk
За случаите на говор на омраза на радио и телевизија, можете да поднесете претставка до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, посочувајќи ја програмата, конкретниот медиум, датумот и периодот на емитување на програмата. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, односно директорот на Агенцијата може да ги преземе следните мерки:
да донесе решение со кое ќе го опомене;
да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка во случај кога и покрај донесеното решение за опомена продолжува со вршење на истата повреда за која е опоменет, во текот на годината;
да поднесе кривична пријава;
да достави предлог до Советот за одземање на дозволата
Здружение на новинари на Македонија - Совет на честа
www.znm.org.mk
За случаите на говор на омраза во медиумите од страна на новинари кои се членови/членки на Здружението на новинари на македонија, може да се поднесе претставка до Советот на честа на Здружението на новинари. Овој совет ги поставува и брани принципите на етичното, избалансираното и објективното новинарство кое ги почитува човековите права при што целосно се запазува слободата на уредувачката политика на медиумот. По разгледување на претставката, доколку Советот на честа утврди повреда на начелата и одредбите од Кодексот на новинарите на Македонија, јавно реагира и ја осудува ваквата повреда.
Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)
www.semm.mk
Овој совет функционира како невладина организација чија работа има за цел саморегулација на медиумите преку примена на морални санкции кон оние кои не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите. Во рамки на Советот постои советодавно тело - Комисија за жалби која разг-ле-ду-ва жал-би- од граѓани, правни лица и други претставници на јав-но-ста во врска со објавените содржини во медиумите, посредува меѓу лицата кои упатиле жалба и уредникот, односно медиумот на чија содржина се однесува жалбата и донесува одлуки по жалбите во врска со евентуални прекршувања на Кодексот;